| четврток, 6 декември 2018 |

Распит на уапсените шверцери на говеда

osnoven sud skopje 1

Започна распитот пред истражен судија на уапсените 15-мина за кражби и шверц на говеда.

Акцијата беше спроведена вчера во Западна Македонија. Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници беа меѓу уапсените во големата полициска акција која започна во раните утрински часови и траеше до доцна попладнето.

Уапсени се повеќе од 15 лица од Македонија и Албанија.

Поголемиот дел од уапсените се од Дебар, меѓутоа имало приведени и од Кичево и неколкумина од неколку струшки села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top