Хрватската спортистка, Сандра Перковиќ, убедливо победи на атлетскиот митинг во Загреб. Успешно фрлениот диск и резултатот од 67.6 метри, таа го прослави со добро познатиот симбол на „албанскиот орел“, поради кој албанските фудбалери од репрезентацијата на Швајцарија, Џака и Шаќири мораа јавно да им се извинат на сите и за кој добија парична казна.
После фрлањето, Перковиќ ги прекрсти рацете и потсети на мечот Швајцарија-Србија на СП 2018. На прашањето на новинарката на ХРТ што значеше овој потег на спортистката, таа одговорила:
- Ма, тоа само значеше дека дискот конечно полета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.