| четврток, 6 декември 2018 |

Не се знае како ги добила повредите: Пронајдена повредена исчезнатата Србинка на Тасос

Триесет и петгодишната Ксенија Лазиќ од Обреновац, Србија, која вчера исчезна во селото Панагија на грчкиот остров Тасос, била пронајдена покрај патот, потврди грчката полиција за „Блиц“.

  • Ја пронајдовме во една од шумите со полесни телесни повреди. Таа е пренесена во локалната болница и во моментот се чувствува добро – велат од полициската станица на Тасос.

За сега нема детални информации за тоа што се случило вчера. Нејзината сестра близначка вчера упати апел дека околу 17 часот, на организирана екскурзија околу островот, исчезнала нејзината сестра, која последен пат ја видела во Панагија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top