| четврток, 6 декември 2018 |

Србинка исчезна на Тасос, сестра ѝ моли за помош

Млада Србинка вчера исчезнала на екскурзија низ островот Тасос. Нејзината сестра Наталија апелот за помош го сподели преку „Фејсбук“. Таа напиша дека нејзината сестра Ксенија Лазиќ исчезнала во селото Панагија, каде биле на организирана екскурзија низ грчкиот остров.

  • Носи црн горен дел од костимот за капење, темно зелен шорц, црни скејтерки и тегет марама со бели шари околу вратот. Ве молам ако ја видите веднаш да се јавите во полиција или да ме исконтактирате – пишува Наталија.

Тасос е место каде секоја година летуваат многу Срби и Македонци. Последната трага од Ксенија е вчера попладне околу 17 часот, кога накратко се одвоила од групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top