| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски во 2008: Северна Македонија ДА, но за внатрешна употреба НЕ

Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија  (Republic of Northern Macedonia или Republic of  North Macedonia) уште во 2008 година, под услов со тоа да биде вклучено и признавањето на “македонскиот” јазик и националноста“, се вели во доверливата дипломатска пишана белешка од амбасадата на САД во Скопје, што ја објави Викиликс.

Доверливата белешка, насловена како „Што им е потребно на Македонците за решавање на спорот за името”, е со датум од 29 јули 2008 година и е напишана од тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ.

„Црвенковски мисли дека Грција ќе се согласи за името Северна Македонија. Хил праша за македонскиот идентитет и јазик. Црвенковски рече дека евентуален излез е грчката позиција дека дискусијата е за името на државата, а националноста и јазикот не се дел од разговорите. Црвенковски како можно решение, кое ќе го потпише е билатерален договор со Грција само за името и обемот на употреба во билатерални односи. Мекадонија треба да го задржи македонскиот јазик и националност/идентитет, но ова може да биде со резулуција на Обиденетите нации (како додаток), а не нешто што Грција ќе треба да го потпише, со што ќе се спаси лицето на Грција и ќе се постигне договор за името и можниот опсег на употреба. Црвенковски вели дека Нимиц го разбира овој пристап“ стои во извештајот.

Во членот 10, пак, Миловановиќ пишува:

„Црвенковски мисли дека Република (Северна) Македонија, ќе може да функционира во опсег каде сега се користи ФИРОМ. Тој вели дека обемот го смета за најпроблематичен елемнт. Пред-букурешката понуда, Македонија да ги прифати препораките кои нациите сметаат дека треба да се користат (или препорачуваат да се користат) договорено име во билатералните односи, наместо уставно име, но последниот предлог на Нимиц да се бара билатерална меѓународна употреба е премногу. Исто така, премногу е било која формула која бара Македонија да се се вика поинаку од Република Македонија, на пример на пасошите или продуктите. Една работа е да се дискутира како другите ќе ја нарекуваат Македонија, и под кои услови, но сосема друга работа е да разговараат за услови за диктирање на Македонија да се вика поинаку од уставното име.“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top