| четврток, 6 декември 2018 |

Катимерини: На маса е „Северна Македонија“

Грчкиот весник Катемерини во интернет изданието на англиски јазик објавува дека најверојатното име кое ќе доведе до договор меѓу Атина и Скопје е Република Северна Македонија (Северна Македонија).

Притоа се наведува дека и другите имиња, од првичните пет предлози од медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, остануваат на маса, но се очекува Северна Македонија да преовладува, пишува Катимерини, повикувајќи се на свои извори.

Весникот исто така потсетува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува многу брзо телефонски да разговара со својот колега Зоран Заев, и во следните денови и да се сретнат, сигурно пред самитот на лидерите на Европската унија на 28 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top