| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги

Универзитетската професорка Тања Каракамишева јавно го повика претседателот на државата во своето овогодишно обраќање пред Генералното собрание на ООН да ја презентира геноцидната содржина на „договорот“ што само така се нарекува а е, всушност, ултиматум и јавно да му каже на светот дека Македонците се основачи на ООН, вградени се во темелите на оваа светска организација, и како освестен и достоинствен народ не дозволува истиот да биде депониран во регистарот на договори при ООН!

  • Македонскиот народ го одбива овој ултиматум од индигнација и бара од Генералното собрание истиот да не го прифати како правен акт, бидејќи истиот не е во согласност во меѓународното право и со правото на човековите права и слободи. „Договорот“ е срам за меѓународното право и штетен преседан што може да нанесе несогледлива штета не само по Македонија, туку и по угледот на меѓународната заедница. Претседателе, имате милион аргументи на наша страна, искористете ги – пишува професорката на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top