| четврток, 6 декември 2018 |

Квинси Промес потпиша за Севилја

Eкипата на Севилја денес и официјално го објави трансферот на холандскиот репрезентативец, Квинси Промес кој во нивните редови доаѓа од Спартак Москва. Клубот од Андалузија за потписот на Промес плати 20 милиони евра, а крилниот напаѓач денес потпиша 5-годишен договор.

26-годишниот Промес четири години беше дел од Спартак каде одигра 135 меча на кои постигна 66 гола и запиша 34 асистенции. Притоа има 28 настапи за холандската репрезентација.

Холанѓанецот сигурно ќе биде големо засилување за Севиља и се очекува да биде сериозно засилување за Севилја на крилните позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top