
Eкипата на Севилја денес и официјално го објави трансферот на холандскиот репрезентативец, Квинси Промес кој во нивните редови доаѓа од Спартак Москва. Клубот од Андалузија за потписот на Промес плати 20 милиони евра, а крилниот напаѓач денес потпиша 5-годишен договор.
26-годишниот Промес четири години беше дел од Спартак каде одигра 135 меча на кои постигна 66 гола и запиша 34 асистенции. Притоа има 28 настапи за холандската репрезентација.
Холанѓанецот сигурно ќе биде големо засилување за Севиља и се очекува да биде сериозно засилување за Севилја на крилните позиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


