| четврток, 6 декември 2018 |

Хратската претседателка сама го молерисува станот!

По лажната вест која се ширеше низ Нигерија дека хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ лично го возела автобусот со фудбалерите од репрезентацијата, кои на Светското првенство во Русија го освоија второто место, сега таа е повторно хит во Индија и овојпат благодарение на лажните вести кои молскавично се шират преку социјалните мрежи.

Во Индија неверојатна популарност добија фотографиите на Грабар-Китаровиќ, кои таа самата ги објави на својот профил на Фејсбук во 2015 година, а е облечена во милитантна облека и сама го молерисува својот стан.

„Хрватската претседателка сама го молерисува станот, бидејќи не сака да краде пари од својот народ. Кога праведните владеат и народот се радува“, е една од честите варијации на коментари меѓу Индијците за оваа вест.

Грабар-Китаровиќ го привлече вниманието на светската јавност за време на Мундијалот во Русија кога на успесите на хрватската репрезентација непосредно се радуваше надвор од стандардниот протокол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top