Дури 11 дена по финалето, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ одговори на прашањето зошто мораше да оди во соблекувалната по секој натпревар и да има директна интеракција со фудбалерите.
– Според мене, соблекувалната е единственото место каде што можете да ги видите играчите и да им честитате на победата или евентуални да ги утешите, ако не успеале да забележат триумф. Значи, тоа е единствениот начин на кој јас како претседателка можам да дојдам и да речам ‘Еве, јас вас ве почитувам, ви честитам момци, завршивте голема работа за Хрватска – одговори Колинда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.