| четврток, 6 декември 2018 |

СЕХА лига: Металург го намачи Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар го доби дерби натпреварот со Металург на стартот од новата сезона во СЕХА лигата со 34:28 (17:15).

Вицешампионот Металург му прореди пекол на шамионот Вардар во салата „Јане Сандански“ на првиот натпревар во СЕХА. „Црвено–црните“ успеаја да го израмнат резултатот дури во четириесетата минута од натпреварот – 20:20. Потоа падна концентрацијата кај избраниците на тренерот Данило Брестовац, по што Вардар успеа да се одлепи на недостижни пет-шест гола разлика.

Рожерио Мораеш со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, Дибиров заврши со пет, а по четири постигнаа Криштопанс, Чупиќ и Шишкарев. Кај Металург нападот го предводеше Халил Јагањац со максимални шест од шест, а Томилсав Јагуриносвки и Филип Кузмановски завршија со по четири погодоци.

На овој натпревар за шампионот во СЕХА лига не играа повредениот капитен Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ и Вуко Борозан, додека кај Металург недостасуваа новите играчи, Адријан Миличевиќ и Предраг Мијатовиќ.

Во следното коло кое ќе се игра на 4 септември, Металург ќе му гостува на Мешков Брест, додека Вардар на домашен терен ќе се сретне со Железничар Ниш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top