Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележа Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот, 27 јануари, со предавање на м-р Теон Џинго.
На предавањето присуствуваа околу 80 ученици од основните училишта: „Димитар Миладинов“, „Ѓоргија Пулевски“, „Петар Поп Арсов“, „Григор Прличев“ и „Крсте Мисирков“.
27 јануари 1945 година е денот кога најголемиот нацистички логор на смртта, Аушвиц – Биркенау, беше ослободен од војниците на Советскиот Сојуз, поради тоа на 1 ноември 2005 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го назначи овој ден за Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот, геноцидот што резултираше со уништување на 6 милиони Евреи, 2 милиони Роми, и милиони други од страна на нацистичкиот режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.