| четврток, 6 декември 2018 |

Валканите работи на Владата ги одработува „Стратагем”: Цензурата на критичките медиуми и граѓани чини милиони

Милионски суми покрај оние од буџетот и џебот на граѓаните се алоцирани за создавање на медиумски мрак во Македонија за време на кампањата за референдумот

Откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска го прогласи Инфомакс за државен непријател број еден, истата вечер порталот бил блокиран поради хакерски напад, а во текот на денот беше блокирана и страницата на Фејсбук, пишува Инфомакс.

Порталот дознава дека валканата работа на Владата ѝ ја одработува странска компанија специјализирана за перење  мозоци, „Стратагем”, која освен за социјален инженеринг, специјализирна е и за цензурирање страници и профили на Фејсбук и Твитер.

На Твитер се огласи и движењето #Бојкотирам, кој ја посочи компанијата ,,Стратагем” како надворешен цензор на владата на СДСМ.

Инфомакс дознава дека дури 157 лица работат на подмолниот план за цензура и спроведување на едноумие во Македонија, пред и по референдумот за самоукинување и уништување на Македонија. Целта е јасна, пишува порталот, а тоа е замолчување на сите  противници на капитулантскиот договор за промена на името.

Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук

 

Според инфорациите на Инфомакс милионски суми покрај оние од буџетот и џебот на граѓаните се алоцирани за создавање на медиумски мрак во Македонија за време на кампањата за референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top