Откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска го прогласи Инфомакс за државен непријател број еден, истата вечер порталот бил блокиран поради хакерски напад, а во текот на денот беше блокирана и страницата на Фејсбук, пишува Инфомакс.
Порталот дознава дека валканата работа на Владата ѝ ја одработува странска компанија специјализирана за перење мозоци, „Стратагем”, која освен за социјален инженеринг, специјализирна е и за цензурирање страници и профили на Фејсбук и Твитер.
На Твитер се огласи и движењето #Бојкотирам, кој ја посочи компанијата ,,Стратагем” како надворешен цензор на владата на СДСМ.
Инфомакс дознава дека дури 157 лица работат на подмолниот план за цензура и спроведување на едноумие во Македонија, пред и по референдумот за самоукинување и уништување на Македонија. Целта е јасна, пишува порталот, а тоа е замолчување на сите противници на капитулантскиот договор за промена на името.
Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук
Според инфорациите на Инфомакс милионски суми покрај оние од буџетот и џебот на граѓаните се алоцирани за создавање на медиумски мрак во Македонија за време на кампањата за референдумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст