| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Нема ден да нема афери, економијата втора година стагнира

Просто нема ден а да немаме скандал по но ниту една област. Економијата ни е катастрофална. Првиот квартал завршивме со 0,1 процент раст или нула. Што значи македонската економија втора година по ред стагнира. Странските инвестиции речиси ги нема, вели Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното негово интервју во вестите на Сител телевизија.

Според Мицкоски ако Македонија во периодот од 2012 до 2016 година била рекордер на новоотворени работни места во Европа а се резултат на директни странски инвестиции, сега Македонија се наоѓа на 10-ото место. Тој потенцираше дека во моментот има продолжување на странските инвестиции донесени од претходната влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме отворено странски инвестиции кои се продолжување на работењето на претходната влада, со тешки маки оваа влада успеа некако да ги доведе до крај. Нови иницијативи речи и немаме, нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско, некаде 30 до 40 проценти е пониско од истиот период минатата година, изјави тој

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top