Една од најпознатите порно-актерки во светот, Џена Џејмисон усепа во тешката борба против наркотиците и годинава успеа да ослабне 30 килограми и притоа да остане „чиста“.
„Ќе бидам искрена, кога бев дебела ми беше срам да излезам од дома. Се чувствував како да ме осудуваат. Чувствував дека ме гледаат под око. Можев да ги слушнам внатрешните гласови како ми велат: Ти допушти Џена Џејмисон да стане дебела“, напиша Џена на Instagram.
Таа објави две фотографии со кои го спореди нејзиниот изглед од пред половина година со денешниот. На фотографиите можат да се видат разликите не само на телото, туку и на лицето на поранешната порно актерка. На сликата од десната страна таа е во периодот кога беше во најголемата криза во нејзиниот живот, а на левата слика е сега, откако го доведе нејзиниот живот во ред.
„Бев загрижена дека не можам да ослабнам трезна. Искрена сум. Кога бев зависник, ми беше лесно да бидам слаба. Трезноста и претпазливоста беа новост за мене. Психички сум силна, тоа е тајната. Ја победив зависноста, насилството, пост-трауматскиот стрес и депресијата, чувствувам дека можам да победам било што“, додава таа.
Џена Џејмисон со помош на комбинација од кетогена диета и повремен пост успеа да ослабне 30 килограми во последните 5 месеци. Сега има 60 килограми и носи десет броеви помала облека. Мајка е на три деца, од кое последното го роди минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст