Петтото издание на добро познатиот „Фестивал на љубов и среќа“ ќе се одржи в сабота на 27 јули на двете плажи во Градиште, кои оваа година работат во ново рубо, со збогатени содржини за релаксација и отпуштање на посетителите.
Како главна ѕвезда ќе настапи македонската атракција Кирил Џајковски придружуван од својот многуброен бенд со настап во живо.
– Особено сме горди на фактот што ова е веќе петто издание на фестивалот. Минатата година под истото име на истото место се одржа овој фестивал и беше дефинитивно најдобриот настан за лето 2012 привлекувајќи повеќе од 8000 посетители – вели Зафир Петровски, организатор на фестивалот.
Официјалниот распоред на „Love&Happines 2013“:
Main Stage /Втора плажа/
Концертен настап во живо на Кирил Џајковски заедно со својот бенд
Македонска поддршка:
- Дј Бабура
- Дј Боби
- Дј Бранчес
Trance stage: /Трета плажа/
- Cosmosis
- Archaic
- Imaginary Sight
- Galactic Explorers
- Djantrix
- Kox
- Albiorix
Влезниците во претпродажба во салоните на ОНЕ низ републиката, „МК Тикетс“ дистрибутивната мрежа и „Југотон ГТЦ“ по промотивна цена од 400 денари. Влезниците на врата ќе се продаваат по цена од 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.