Во длабока кома со канила за дишење, родилка од Скопје наместо на КАРИЛ заврши на геријатрија, пренесува „Алфа“. Триесет и седумгодишната Анета Симоновска минатиот месец се породила на скопска гинекологија. Породувањето минало добро, а на свет донела здраво машко дете, петто во семејството Симоновски. Дента кога требала да замине дома, почнал вистински пекол. Пет дена по породувањето Анета паднала во кома, срцето откажало и таа била сместена во шок соба. Сопругот во неверување, се сомнева дека се работи за лекарска грешка оти како што вели сопругата била здрава кога заминала на породување.
Од вчера, Симоновски денот го минува пред Геронтолошкиот завод во населбата Ѓорче Петров. Вели, тука нема услови за згрижување на вакви пациенти. Со солзи во очите прашува дали државата веќе се откажала од неговата сопруга, оти како што вели ова е последната станица. Дополнителен проблем му се финансиите, не работи, а веќе му побарале да плати за негата во Домот за стари лица.
Од управата на Геронтолошкиот завод потврдија – родилката била сместена на одделот за интензивна нега. Велат самостојно дише без вештачка вентилација. а доколку состојбата и се влоши ќе биде веднаш префрлена на клиниката за реанимација. Додаваат дека средствата за нејзино лекување ќе биле покриени преку Министерството за труд и социјална политика.
Случајот со родилката го потврдија и на Клиниката за гинекологија. Информираат дека пациентката имала и претходни здравствени проблеми, висок притисок, астма и срцеви заболувања.
„Сопругот на пациентката со ставање на потпис се согласи таа да биде хоспитализирана таму, а во меѓувреме, по телефонска консултација со, претпоставуваме, адвокат, го искина документот на кој претходно своерачно даде дозвола за тоа“, соопштуваат од ГАК.
Семејството за случајот консултирале адвокат и велат оти правдата ќе ја бараат на суд.
Погледнете го целиот прилог на Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Маските не го решаваат проблемот со аерозагадувањето
-
Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра
-
Филип Димишковски е првиот пациент во Македонија кому му е извршена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител
-
Кој ќе лапне 840.000 евра од Министерството за здравство со новиот тендер?