| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија ги брои деновите до разводот, чека да помине мандатот – открива екс соработничката на Трамп

Новата книга на поранешната соработничка на Трамп од Белата куќа открива дека Меланија со својот моден стил го казнува својот сопруг и му испраќа скриени пораки. Првата дама на Америка и нејзините контроверзните модни избори се всушност порака до нејзиниот сопруг и со нив сака да го вознемири, тврди Омарос Њуман Менаголт, поранешна соработничка на Доналд Трамп, во нејзината нова книга. Со нејзиниот избор на облека таа всушност го казнува Трамп, пишува таа.

Портпаролот на Меланија пак, демантираше дека сопругата на Трамп испраќа скриени пораки со нејзината облека, но се чини дека тоа не е случај. Последен пат таа ја изненади јавноста во мај, кога патуваше во Тексас да ги посетува камповите каде што беа сместени децата на мигрантите кои беа одвоени од нивните родители. За ова патување, Меланија носеше јакна на Зара, која чинеше 39 долари, а кога им го заврте грбот на фотографите на аеродромот, на јакната се виде пораката „Јас навистина не се грижам, а вие!“

Омарса Менаголт тврди дека Меланија ја одбрала баш таа јакна затоа што тоа беше нејзиниот последен акт на револт против сопругот, а со цел да го повреди. Меланија била присилена да оди на тоа патување за да „го исчисти нередот кој зад себе го остави Трамп и неговата бесчувствителна администрација“, смета поранешната соработничка на Трамп. Меланија намерно го негува бунтовничкиот моден стил со кој провоцира откако Трамп влезе во претседателската кампања и стана претседател.

„Меланија студираше мода и кога се работи за облека нејзината свест е на завидно ниво. Многу добро знае дека нејзината облека ќе се коментира и детално ќе се проучува каде и да појави во јавноста“, истакнува Омарса Менаголт, а пренесува Дејли меил.

Во нејзината книга, таа смело тврди дека Меланија Трамп едвај чека да заврши мандатот на нејзиниот сопруг, за да може да се разведе од него.

„Според мое мислење, Меланија ја брои секоја минута до крајот на неговиот мандат, затоа што сака да се разведе“, пишува Менаголт, но таа не е единствената која тврди дека е така.

Разводот на Трамп и Меланија исто така е тема во книгата на Мајкл Волф, во која се тврди дека брачната двојка повеќе не ја дели спалната соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top