| четврток, 6 декември 2018 |

Не ги криел солзите: Популарниот актер стана татко!

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ, познатиот Ранко од „Вистинска љубов“ стана татко. Неговата сопруга Јелена Перчин на свет донесе девојче, а породувањето е извршено во загребската Петрова  болница.

Гордите родители на наследничката и го дадоа името Маша, а популарниот актер за време на породувањето бил крај својата сакана и не ги криел солзите радосници кога се родила ќерка му.

Инаку Маша е прво дете на Момчило, а второ на Јелена, со оглед на тоа дека хрватската актерка од првиот брак ја има ќерката Лота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top