Американската поп-легенда Тина Тарнер, којa од 1995 година живее во Швајцарија, наскоро ќе добие и швајцарско државјанство и ќе се откаже од американскиот пасош, објавија швајцарските медиуми.
– Многу сум среќена тука во Швајцарија и се чувствувам како дома. Не можам да замислам подобро место за живеење- изјави пејачката во германскиот весник „Блик“ .
Тина Тарнер (73), родена како Ана Меј Булок, која живее во Киснахту, на бреговите на езерото во Цирих во северна Швајцарија, веќе направила тестови и интервју за државјанство.
Пејачката, позната по хитовите како “Приватна танчерка”, “Едноставно најдобар” и многу други, сепак, ќе почека барањето да и биде одобрено од властите.
Таа се пресели во Швајцарија во 1995 година, кога нејзиниот долгогодишен партнер Ервин Бах доби работа таму. Бах работи во музичката индустрија. Пејачката се повлече од јавниот живот по проштална турнеја 2008/2009.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.