| четврток, 6 декември 2018 |

300 кандидати за полицајци на обука по скопските крстосници

Министерството за внатрешни работи денеска ќе продолжи со практична обука на кандидатите за полицајци кои минатото лето ги исполнија условите на конкурсот за прием на нови 300 полициски службеници, јави МИА.

Обуката ќе трае три работни дена, а ќе се однесува на практична примена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, соопшти МВР.

Предвидено е кандидатите во присуство на поискусни ментори да учествуваат во регулирањето на сообраќајот на неколку крстосници во Скопје.

Според планот, сообраќајот ќе го регулираат на крстосниците кај Скопски саем, Рампа кај Кисела вода, Црвен крст и Народна банка. Согласно агендата, кандидатите ќе го регулираат сообраќајот денеска во период од 13 до 15:30 часот, утре од 9 до 15 часот и в понеделник од 9 до 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top