Министерството за внатрешни работи денеска ќе продолжи со практична обука на кандидатите за полицајци кои минатото лето ги исполнија условите на конкурсот за прием на нови 300 полициски службеници, јави МИА.
Обуката ќе трае три работни дена, а ќе се однесува на практична примена на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, соопшти МВР.
Предвидено е кандидатите во присуство на поискусни ментори да учествуваат во регулирањето на сообраќајот на неколку крстосници во Скопје.
Според планот, сообраќајот ќе го регулираат на крстосниците кај Скопски саем, Рампа кај Кисела вода, Црвен крст и Народна банка. Согласно агендата, кандидатите ќе го регулираат сообраќајот денеска во период од 13 до 15:30 часот, утре од 9 до 15 часот и в понеделник од 9 до 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)