| четврток, 6 декември 2018 |

Југословенскиот киоск пречекува гости сред Њујорк (ФОТО)

Еден од симболите на поранешна Југославија, киоскот К67 создаден од страна на словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг во 1966 година деновиве ги пречекува гостите во Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк, каде во тек е изложбата наречена „Бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“, која е посветена на спомениците, зградите и архитектите од поранешна Југославија.

Сместени помеѓу капиталистичкиот Запад и социјалистичкиот Исток, поствоените архитекти од Југославија одговорија на контрадикторните барања и влијанија на развојот на архитектурата која значително се разликуваше од дизајнерскиот пристап кој беше застапен низ Европа и пошироко.

На оваа изложба ќе бидат претставени делата на најпознатите архитекти од поранешна Југославија, меѓу кои се истакнуваат Богдан Богдановиќ, Јурај Неидхардт, Светлана Кана Радевиќ, Миодраг Живковиќ, Едвард Равникар, Вјенчеслав Рихтер, Драго Фалиќ, Иван Штраус и Милица Штериќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top