| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометари уапсени за силување на девојка

a-malaysian-police-car-onТројца ракометари се уапсени од страна на малезиската полиција заради сомнение дека силувале 19 – годишна девојка.Осомничените за силување се на возразс меѓу 18 и 19 – години. Нападот врз девојката се случил за време на малезиските игри,  пред неколку дена.
Девојката била вработена во пресцентарот, а кобниот ден по завршување на  работата излегла со ракометарите.  Меѓутоа, според сомневањата на полицијата, забавата излегла од контрола, кога се испило поголема количина на алкохол  по што во полусвесна состојба била силувана од тројцата ракометари.

Неколку часа подоцна девојката целиот случај го пријавила во полиција, а тројцата ракометари биле веднаш уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top