| четврток, 6 декември 2018 |

Апасиев: Многу послушнички предавства подоцна се казнети

Професорот и член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил истакна дека власта се однесува измеќарски кон меѓународната заедница, што на крајот нема да донесе ништо добро за Република Македонија.

Тој потсетува дека низ историјата имало многу послушнички предавства кои подоцна се казнети токму од оние во чија полза се извршени. Апасиев вели дека токму оној империален господар на кој вазалски му служат знае колку малце вредите и на крајот ќе ги казни. Тој својот статус го заврши со историски цитат.

Измеќарскиот однос на власта кон „меџународната“ нема да донесе ништо добро за Републиката. Впрочем, низ историјата, има многу послушнички предавства кои подоцна се казнети токму од оние во чија полза се извршени – оти вашиот империјален господар, на кој беспоговорно и погубно му служите како некои вазали, знае колку малце вредите!
Затоа, ЧЕСНИОТ ЧОВЕК треба да зборува како Спартанците, кога преговарале за условите за мир, тогаш кога биле поразени од страна на Антипатар (330 год. пр.н.е.): „Можете да ни наметнете тешки и разорни услови онолку колку што сакате, но не си го губете времето да ни наметнувате услови што се срамни и нечесни“!
#ПреспанскиотДоговор
#БојкотирамСамоукинување
#НеПоштуемРатниПрофитери
#НемаДаВиПомине

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top