23 годишната Австралијанка Лили Оконел од Сиднеј, отишла во болница мислејќи дека има грип, а потоа се шокирала кога лекарите и кажале дека само минути ја делат од смрт.
Лили минатиот декември го прославила Божиќ со семејството и до пред крајот на денот се било во ред, а потоа на лицето и се појавил осип и почнала да повраќа.
Итно била префрлена на Одделението за интензивна нега во болницата Свети Винсент во Сиднеј, таму и била дијагностицирана Менингококна болест.
Лекарите и кажале дека минути ја делеле од смрт, затоа што доколку не дошла во болница, сигурно би починала.
Иако Лили е пресреќна што е жива, таа и понатаму пати од ренална и надбубрежна инфлуенција.
Болеста и ги уништила бубрезите, поради што мора да поминува на дијализа пет часа секој втор ден.
Лили наскоро би требала да оди на трансплантација на бубрег, а донатор е нејзината родена сестра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.