| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени единаесет деца во пустина во Ново Мексико

Полицијата во Ново Мексико по добиена порака пронашла единаесет деца во пустина.

Пораката која ја добила полицијата гласела: Ние сме гладни, потребни ни се храна и вода.

Безбедностните служби успеале да ги спасат 11 деца кои веќе извесен период живееле во напуштен обејкт во пустината, без храна и вода.

Децата се на возраст од 1 до 15 години. Тие на себе немале чевли и според информациите од локалната полиција, на себе носеле парталави алишта.

Во напуштениеот објект во кој живееле децата имало и пет возрасни лица, двајца мажи биле и вооружени.

Вооружените лица се приведени, а покрај нив уапсени се и три жени, кој по полициско испрашување се пуштени на слобода.

Полицијата извршила целосен претрес во објектот.

Шерифот на локалната полиција во изјава за медиумите посочил дека децата биле гладни, жедни и валкани.

-Полицаец сум веќе 30 години, никогаш досега не сум видел вакво нешто, ова беше просто неверојатна и страшна глетка!.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top