| четврток, 6 декември 2018 |

Еуростандард Банка ја продолжува Мастер Кард кампањата со три проценти минимална месечна отплата

eurostandardСо цел да им излезе во пресрет на своите клиенти за време на летните одмори, Еуростандард Банка ја продолжи понудата на Мастер Кард картички со 3 проценти минимална месечна отплата и камата од 10 проценти  на годишно ниво. Од Банката велат дека погодностите на Мастер Кард кредитните картички граѓаните ќе може да ги користат до крајот на годината.

„Сите ние летото го поврзуваме со патување, односно со можност да отидеме до нашата омилена дестинација, да се одмориме и поминеме драгоцено време со најблиските. Тоа воедно значи и дополнително оптеретување на домашниот буџет. Мастер кард на Еуростандард банка со само 3% месечна отплата на долгот има за цел да им помогне на сите оние кои размислуваат дали можат да си го дозволат заслужениот одмор. За таа цел обезбедивме и бескаматен грејс период до 45 дена за сите трансакции извршени на продажните места во земјата и странство“ – изјави Горан Јосифовски, директор на Центарот за маркетинг и развој на производи

Палетата на Мастер Кард кредитни картички на  Еуростандард Банка може да се користи на преку 900.000 банкомати и 29 милиони ПОС терминали ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top