Голем пожар денеска изби на границата меѓу Шпанија и Португалија.
Пожарникари од двете земји заеднички настојуваат да изгаснат пожар што изби во близина на нивната заедничка граница.
Европа е погодена од бран високи температури што донесе суша и шумски пожари од Грција до Шведска.
Шпанските власти објавија денеска во јужниот регион Екстрамадура дека постои голем ризик од пожари. На југозапад во земјата пожарот „проголта“ шума во близина на областа Бадахоз, каде се очекува денеска температурите да достигнат до 43 степени Целзиусови.
Во Лисабон вчера се измерени 44 степени со што е соборен температурниот рекорд стар 37 години. Претходниот рекорд регистриран во 1981 година е 43 степени. Највисока температура вчера во Португалија е измерена во Алвега од 46,8 степени Целзиусови.
Последната недела Португалија и Шпанија се погодени од африкански топлотен бран , кој ги урива рекордите и предизвика пожари во источниот дел на Португалија.
И во северните делови на Европа високите температури создаваат проблеми . Така , во Холандија и во Германија се уништени полињата со жито.
Во Финска каде температурата во овој период изнесува 19 степени, се забележани рекордни 30. Властите ги предупредија капачите во Балтичкото море и во Шведска и во Полска дека поради високите температури почнале да цветаат и да се шират токсични алги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.