Само десетина минути претпладнево се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во Македонија.
Дваестина минути утрово се чекаше за излез од државата, во најголемиот налет на туристи што, исто така, се смета за нормално кога треба да се помине граница и да се направат задолжителните формалности за проверка на документи, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Дежурните информираа дека состојбата е под контрола. Функционираат со три до четири сообраќајни ленти и оти поголем метеж на „Богородица“ денеска не очекуваат.
Состојбата е слична и на спротивната страна, на граничниот премин „Евзони“, каде се чека по петнаесетина минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.