Огроемн стаорец е забележан како се движи по масата на една од пекарниците кои се наоѓаат во центарот на Скопје, во непосредна близина на автобуската постојка на „Рекорд“. Како тој успеал да влезе во објект каде хигиената треба да е на прво место, засега е непознато, објави порталот „А1.он“.
Останува да се види дали овој глушец ќе биде повод и надлежните институции да ги засилат контролите во пекарите и на другите места во кои треба да има беспрекорни услови при производството и подготовката на храна.
фото: А1.Он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.