Грчката полиција информира дека биле уапсени две момчиња од Србија на возраст од 20 и 22 години , кои ограбувале туристи на островот Закинтос.
Кај момчињата биле најдени 7 000 евра , накит вреден 4 000 евра, скап рачен часовник и мобилен телефон. Сопственикот на апартманот , каде отседнале момчињата како туристи , ги пријавил во полицијата и помогнал при нивното апсење.
Една од ограбените била токму ќерката на сопственикот на апартманот , на која и украле 7 000 евра од касата на туристичката агенција што се наоѓала во куќата каде престојувале момчињата. Кога исчезнале парите , сопственикот се посомневал во Србите и ги пријавил во полиција.
Полицијата извршила претрес и ги нашла парите , кои ги криеле во чорапите. Со истрагата било утврдено дека ограбувале и туристи на плажа , на кои им биле вратени вредните предмети . натамошната истрага покажала дека со помош на уште две непознати лица , момчињата учествувале и во грабеж на златарница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Починал 11 секунди по удар во главата: Судот бара доживотен затвор за 7 Срби за убиството на Бакари Хендерсон
-
Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април
-
Брутална ликвидација-убиен адвокатот кој требало да ги брани Србите на Закинтос!