Продолжението на летниот фестивал „Фонетика“ кој имаше две успешни изданија на плажите во Струга, сабота, 3-ти август на плажата Парк во Охрид ќе се одржи „Етика Фестивал“.
Програмата на „Етика“ ќе опфати 20-тина актуелни и искусни македонски диџеи и артисти, кои ќе покажат дека знаат да направат иста забава како и прескапите меинстрим диџеи кои се појавуваат секое лето на истата бина во Охрид.
Во бек-ту-бек сесија на 4 грамафони ќе настапат рап диџеите Гоце Саф, Димитри од Чаир, Чваре и Страјк заедно со ЛД Пистолеро и Тонио Сан на микрофоните. Доцните вечерни и раните утрински часови ќе бидат резервирани за хаус и техно диџеите Самоил Радински, Никола Ризов, Флудер, Андреј Мицајков, Васо, Маци, Мискоски, Базел, Мачки, Оги, Игор Зотиќ, Дени Трајков и Вишко и Зоки Бејбе кои ќе настапат заедно со Тамара Тодевска.
Како најава за овој фестивал ќе се одржат 22 забави низ целата држава каде ќе биде може да се набават влезници и промо материјали за фестивалот. Овој викенд забави ќе се одржат во скопските барови „Кино Карпош“, „Излет“, „Суперфлај“ и „Кала“ како и во „Енџелс“ во Штип, „Кјуб“ – Куманово, „Кафе Ин“ – Битола и „Ти Амо“ – Радовиш.
Влезницата за фестивалот ќе изнесува 200 денари, а почетокот на е закажан а 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.