| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко ќе го шета целото охридско крајбрежје

Еден од најпознатитие композитори и музичари на Балканот, Жељко Јоксимовиќ ја продолжува својата турнеја и во Македонија. Тој ќе одржи два големи концерти, првиот на ден Илинден во Дојран на паркингот „Гранит“, а веќе на 3-ти август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Иако досега не побарал некој посебен третман или неразумни барања, тој посакал  за време на неговиот престој во Охрид, да направи кратка обиколка низ целото крајбрежје.

– Жељко лани беше гостин во Струмица, па повеќе имал можност да го види источниот крај. Затоа сега од неговиот тим ни нагласија дека сака да го прошета целото охридско-струшко крајбреже. Ќе му обезбедиме јахта, но и возач за да го прошета од Свети Наум до Радожда. Ќе се трудиме да бидеме и добри домаќини и за време на концертот во Дојран – велат организаторите „Мастер тим“ за Вест.

Јоксимовиќ во моментов со својата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ, одмара на грчкиот остров Миконос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top