| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Илиевски нема да биде заборавен, Копров ќе му оддаде почит на „Охрид Фест“

На јубилејниот, 25. Интернационален музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ ќе му се оддаде почит на рок и поп пејачот Влатко Илиевски, кој со години наназад беше редовен учесник, пишува „Фокус“.

Токму и неговата последна песна ,,Дајте му ја’’ беше снимена за фестивалот и ја изведе на сцената покрај крајбрежјето лани, во септември.

Првиот човек на фестивалот, композиторот Григор Копров вели дека Илиевски дефинитивно заслужува посвета на фестивалот, но сеуште се преговарало дали тоа ќе биде постхумна награда за неговиот придонес за Охрид Фест или пак меморијална награда која ќе го носи неговото име.

Јубилејниот фестивал ќе се одржи на шести, седми и осми септември годинава, а ќе учествуваат над 70 познати музички имиња од земјава и регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top