Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика на која експозе за надворешната политика требаше да има шефот на дипломатијата Никола Димитров повторно е одложена.
Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана.
Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, според Милошоски, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.