| четврток, 6 декември 2018 |

Тато, се ти простив: Тажна порака на синот на убиениот српски адвокат!

Синот на Драгослав Миша Огњановиќ од вториот брак, Михајло дал некролог за убиениот татко, простувајќи се од него со емотивна порака.

-Тато, би сакал да си тука, повеќе да се дружевме. Се ти простив. Ќе бидам храбар, ти патувај мирно – пишува во последниот поздрав наменет на Драгослав Миша Огњановиќ.

Некрологот е потпишан како „твој Михајло и Наталија“.

Познатиот српски адвокат, Драгослав Огњановиќ важеше за еден од најдобрите кривичари во Србија. Убиен е во саботата навечер пред својот дом. Во пукањето неговиот постар син Петар бил ранет во раката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top