| четврток, 6 декември 2018 |

Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња

Со тага и неверување фановите се простуваат од легендата. Веста која утрово го потресе Балканот не ги остави рамнодушни ни јавните личности. Секој на свој начи и со своја порака му гажува последно збогум на Оливер Драгоевиќ.

Ништо нема да биде исто после твоето заминување, пишуа неговиот колега Тони Цетински.

– Сите тие твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца, се моментите кои никогаш нема да ги заборава. Морам да ти признам дека те сакав и те сакам како да си ми татко, а по душа понекогаш ми беше како помлад брат. Од тебе најмногу учев, затоа што од тебе најмногу и добив. Ти се даваше на луѓето и на пријателите и не се штедеше. Во тој факт лежи уште една тајна на твоето успешно постоење и работа. Одсекогаш си бил доказ дека не е доволно да се биде само врвен уметник, туку и човек и затоа едно големо благодарам. Длабога бол во градите и голема празнина во мислите сега се во мене. Песните кои ни ги остави се сега единствена утеха. Искрено сочувство на целото семејство. Неискажива болка. Почивај во божји мир, пријателе и учителе мој. Те сакам и засекогаш ќе те сакам.

P.S. Те молам само уште едно нешто. Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И него му беше голем пример и пат кој го прати, напиша Цетински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top