| четврток, 6 декември 2018 |

Словачки мотоциклист тешко повреден со сообраќајка кај Глумово

Вчера во 10,30 часот на автопатот Скопје-Тетово, во атар на с.Глумово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „БМВ“ со словачки национални ознаки управуван од М.Ј. (36) од Р.Словачка, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, за коe лицето Г.Р. (44) од Тетово, се пријавил дека го управувал, додека на местото на настанот како возач кој го управувал возилото се пријавил П.М. (35) од Гостивар.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош М.Ј. и Г.Р. биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар кај Г.Р. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, додека кај М.Ј. била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top