| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока казна за Португалецот: Роналдо осуден на две години затвор!

Најдобриот фудбалер на светот и напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе биде казнет  со 3,2 милиони евра и 24 месеци затвор, но нема да заврши зад решетки поради затајување данок во Шпанија, објави денеска обвинителот.

Доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид, иако ги демантирал таквите наводи, обвинет е дека не пријавил 14,7 милиони евра на име имиџ-права, па ќе мора да ја плати казната.

Роналдо нема да иде во затвор бидејќи законот на Шпанија во такви случаи, налагаат дека само казна преку две години мора да се одлежи, но му следува голема парична санкција.

Покрај тоа ќе има трошоци од милион евра камата и 250 евра дневно, кои покриваат казна од две години затвор.

Португалецот на тој начин ќе плати околу 19 милиони евра вкупно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top