Како изгледа да прекршиш сообраќајно правило во Грција и за тоа да платиш драконска казна по новиот построг закон на Грција, најдобро почувствувал на своја кожа Р.С, турист од Србија.
Р.С. во грчкото летувалиште Калитеа минал на црвено на семафорот, а казната за тоа е парична и изнесува 700 евра, потоа одземање на таблиците во траење од 20 дена, но и одземање на документите на два месеца. Тоа е многу непријатна ситуација ако на море сте отишле со автомобил.
Неговото искуство порталот Грчкаинфо го споделило преку својата Фејсбук страница.
-Имав сообраќаен прекршок во Калитеа на семафор, на вртење лево минав на црвено. Полицаец на мотор веднаш ме запре после вртењето. некако ми објасни дека документите ќе ми бидат во полициската станица Неа Триглиа. На записникот се гледаше дека чекирал одземање на таблиците на 20 дена и возачката и сообраќајната на 60 дена(иако не ги извади таблиците), го објаснува своето искуство овој возач.
Како што раскажал, средбата со сообраќаецот се случила во сабота, па казната од 700 евра ја платил во пошта дури во понеделник, после што отишол во полициската станица каде му било кажано дека документите нема да му ги вратат, бидејќи таков е законот.
-Ми советуваа да напишам молба и да дојдам наредниот ден. Следниот ден за жал не сакаа да ми ги вратат документите. Ќе ги пратат на амбасада(не знам чија), а тие на мене ќе ми ги пратат по пошта после 60 дена. Во меѓувреме се јавив и во нашиот козулат во Солун, но тие ништо не можеа ниту да ми објаснат, ниту да ми помогнат – наведува Р.С. во писмото до порталот Грчкаинфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може