Меган Маркл вчера се појави на поло мечот во Винздор каде била дојдена да го поддржи својот сопруг, принцот Хари. Иако војвотката од Сакекс не јавала коњ и удирала со палка, сепак имала важна улога во натпреварот: таа била задолжена да го предаде пехарот на победничкиот тим, кој на сета среќа го вклучувал и нејзиниот сопруг.
После мечот, Меган се запознала со шампионите и го предала трофејот на капитенот, поло ѕвездата и долгогодишен пријател на Хари, Начо Фигуерс. Потоа не можела да одолее, се свртела и го бакнала својот сопруг, прегрнувајќи го со двете раце.
Кога таа и Хари го напуштиле теренот, го погалила по грбот и потоа се фатиле за раце.
Инаку Хари и Меган не би смееле да ги покажуваат чувствата на јавни настани и обично не одат подалеку од тоа да се држат за раце или таа него под рака. Единствен пат кога јавно се бакнаа, беше на денот на нивната венчавка.
Нивното вчерашно однесување сепак има објаснување. Парот има обврска да не покажува чувства на јавни настани кои се однесуваат на кралското семејство, па си дадоа малку слобода, со оглед на тоа дека поло мечот е нешто што не се смета за нивна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти