Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека најголем дел од економските податоци укажуваат оти економскиот раст и во вториот квартал ќе биде најверојатно повторно најнизок во Европа. Ова е неговиот Фејсбук статус:
Драги сограѓани
Измина вториот квартал од 2018 година и започна третиот квартал. Можеме да направиме еден осврт на економските статистички показатели и да ги согледаме “успесите” на економскиот тим на Владата на СДСМ.
Најголем дел од економските податоци укажуваат дека економскиот раст и во вториот квартал ќе биде најверојатно повторно најнизок во Европа. Така податоците за градежниот сектор (до сега расположливи податоци има за април) упатуваат на пад од 10% на извршените градежни работи. Во иста насока влијае и извршувањето на капиталните расходи во буџетот за вториот квартал (38% пониски во однос на истиот период од минатата година), додека повлекувања на средства по основ на кредитни линии од јавните претпријатија за инвестиции скоро воопшто и да нема (изградбата на автопатиштата сеуште е стопирана). Ваквите податоци дефинитивно укажувааат дека градежниот сектор негативно ќе влијае врз БДП за вториот квартал од 2018 година, а имајќи во предвид дека инвестициите во градежниот сектор имаат високо учество во бруто инвестициите, повеќе од јасно е дека повторно ќе имаме негативен раст кај бруто-инвестициите. Дополнително, ниското исполнување на капиталните инвестиции во буџетот укажува дека јавната потрошувачка која ја контролира владата на СДСМ сериозно ќе наштети на македонската економија. Во април и мај 2018 година индустриското производство забележа раст од само 1.3%, при што особено загрижуваат податоците кои покажуваат дека од вкупно 27 индустриски гранки, во април и мај пад забележуваат дури 20 гранки, додека раст во најголем дел забележуваат само индустриските гранки во кои активно работат претпријатијата од ТИРЗ зоните, односно новите компании во странска сопственост (претпријатија против кои СДСМ води активна негативна кампања). Всушност и растот на извозот со кој СДСМ постојано се фали е резултат токму на фирмите кои работат во економските зони. Во останатите сектори позитивните трендови се намалуваат. Така во областа на туризмот, растот во мај 2018 година за прв пат после неколку години е едноцифрен (8% на туристи и само 5% на ноќевања), додека не се забележуваат ниту двоцифрени стапки на раст на трговијата, со што позитивните влијанија на овие сектори се намалуваат. Ваквите податоци, укажуваат дека растот на БДП во вториот квартал од 2018 година ќе биде близу до нула односно најверојатно помеѓу 0% и 2% со што Република Македонија повторно ќе биде земја со најнизок раст во Европа и покрај фактот што реперот за споредба е исклучително низок т.е. растот на БДП во вториот квартал од 2017 година е негативен -1,3%.
Покрај националниот срам и понижување, паралелно се случува економско уништување на Република Македонија. Поразот сакаат да го прикажат како победа, срамот како гордост, а лагата како вистина.
Македонија ќе победи…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски