Земјотрес со јачина oд 4,5 степени според Рихтер, го потресоа денеска грчкиот остров Самос.
Земјотресот се случил во 10.18 часот по средноевропско време на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Маратокампос. Се наведува дека семјотресот се почувствувал шрум острово.
Инаку, Грција и понатаму е во шок од катастрофалните пожари кои ги опустошија предградијата на Атина и во кои настрадаа 80 луѓе.
Но, порталот Protothema.gr наведува дека на островот денеска имало два земјотреса од кои првиот бил со јачина од 4,3, а вториот со јачина од 3,3 степени по Рихтер.
Вториот земјотрес се случил на пет километри западно од островот.
За сега нема податоци за повредени или за материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.