Во петокот дел од провладините медиуми објавија дека се води истрага односно постапка за наводни злоупотреби додека Христијан Мицкоски раководеше со компанијата ЕЛЕМ.
-За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски редовното Јавно Обвинителство исто така имало поведено предистражна постапка за злоупотреби на директорската функција во ЕЛЕМ на која беше околу една година, пишуваше во петочниот текст на порталот Сакам Да Кажам вест која беше превземена од повеќе други портали.
Од Основното Јавно Обвинителство за „Курир“ ги демантираат ваквите информации потенцирајќи дека нема никаква постапка за злоупотреби.
-Во овој момент нема поднесено кривична пријава и не се води постапка во јавното обвинителство, стои во официјалниот одговор од Јавното Обвинителство.
Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите информации ги оценуваат како дел од оркестрирана црна кампања на Власта чија цел е носновано оцрнување и одвлекување на вниманието од вистинските криминали на Владата кои најдобро се отсликуваат во последните две афери“криминални иновации” и “крвави тендери во здравството” каде во игра се милионски суми на пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски