Ирска невеста која со својот сопруг била на меден месец во Грција повредена е во пожарите кои избија кај Атина во четвртокот навечер. Зои Холохан и Брајан О Калаган Вестроп, двајцата од Даблин се венчале минатиот четврток и престојувале во близина на популарното одмаралиште Мати, околу 30 километри од Атина, кое е едно од подрачјата зафатени со огнена стихија.
Парот, се обидел да побегне од хотелот во кој престојувале, кога пламените го зафатиле тоа подрачје и се раздвоиле.
-Глетката беше хаотична. Беа присилени да избегнаат од хотелот право во пеколот. Влегоа во автомобил кој минуваше, но пламените јазици дивееја од двете страни- рекол еден сведок.
Невестата претрпела изгореници по главата и рацете и се наоѓа во една од грчките болници, но нејзиниот сопруг се води за исчезнат. Нивните пријатели и семејство очекуваат вести за Брајан. Ирското министерство за надворешни работи и помага на Зои и грчките спасувачки екипи да го пронајдат нејзиниот сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.