Додека грчката престолнина ги санира последиците од катастрофалните пожари, бројот на жртвите и се уште трага по исчезнатите, сите се прашуваат, како е можно да настрадаат толку многу луѓе?
За една ноќ, пожарите од предградието на Атина се проширија со толку голема брзина, така што беа десетина на три фронта. Одделни предградија се потполно уништени, а сведоците на тие траорни моменти сведочеа дека сето тоа личело како да избувнала Трета светска војна. До сега официјално настрадаа 74 луѓе, а околу 200 се повредени.
Потрагата по изчезнатите уште трае, а по социјалните мрежи има акции за потрага по исчезнатите членови на семејствата и роднините. Материјалната штета е огромна.
Едно од прашањата кое се поставува е како е можно да има толку жртви во главен град на една европска држава. Одговор на тоа прашање се обиде да даде репортер на „Скај њуз“. Тој тврди дека евакуацијата на луѓето била организирана на време и дека тоа не е причина за страдањето на толку многу луѓе.
– Иако бројот на жртвите е многу голем, многу луѓе се евакуирани. Евакуацијата не беше лошо спроведена, туку пожарот беше многу силен и брзо се ширеше, така што луѓето не можеа да побегнат. Сликите како бегаат луѓето беа многу хаотични. Оганот ги зафати и конвоите автомобили. Тогаш луѓето излегуваа од возилата и бегаа кон морето. Некои успеаја да се спасат, некои не. Поради тоа ситуацијата беше многу неизвесна за илјадници луѓе кои се заглавија во пожарот – објасни репортерот на „Скај њуз“.
Димитри Пирос, шеф на медицинските служби и на националниот центар за итна помош за „Би-би-си“ изјави дека луѓето претрпеле стравични повреди поради брзината со која се ширел шумскиот пожар.
Според пожарникари од теренот, борбата со огненината стихија која ги зафати предградијата на Атина е толку тешка, така што секој оној кој не учестувал во нејзиното гаснење или пак не бил сведок на пожарот, не може тоа да го разбере.
Станува збор за големата брзина со која се шири оганот и силината на пожарот, така што животите на пожарникарите во секој момент се изложени на огромен ризик. Во такви случаи, најдобро е да се остави пожарот да се прошири, за да се пресече неговиот правец.
Голема опасност се и подземните пожари кои се јавуваат, е посебен проблем се запалените делови на дрвата, шишарки или пак се она што може оганот да го „потфати“ и што лета и по неколку метри во воздух во правецот во кој дува ветерот. А во Атина вчера дувал многу силен ветар. Така што пожарот се прошири со неверојатно голема брзина. Преживеаните сведочеа дека се се случило за неколку минути и за еден час се било уништено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.