„Ме боли стомакот. Мислам дека имам температура“! Речиси и да нема родители кои ова не го слушнале од својот син или ќерка, токму на денот кога во училиште има тест или знае дека ќе биде испрашан иако всушност се здрави како дрен. Сигурно е дека за повеќето нема страв и оти не се работи за нешто сериозно туку станува збор само за симулирање поради премалку учење.
Но, не лажат барем дел од младите. Кај нив тоа не е само обид да се извлечат поради неучење, туку вистински здравствен проблем, односно би можело да станува збор за мачнина (анксиозност) која и не е толку ретка кај младите оптоварени со „успех по секоја цена’ не само во училиште, туку и меѓу врсниците, па дури и со изглед кој се вклопува во моменталните трендови. Светските податоци покажуваат дека секое осмо дете се бори со мачнини, односно имаат вистински стравови односно вистински здравствен проблем, aнализира хрватски „Глобус“.
Секако периодите пред матура или испити ја влошуваат ситуацијата. Срцето забрзано чука, не доаѓа сон, рацете едвај работат… Не зачудува дека во време на испитна грозница родителите почесто се обраќаат за помош кај лекари за да го решат проблемот за своите деца, а тоа е и причина што не ретко расте и побарувачката за лекови како Прозак или Ксанакс.
Навистина, во последните години, барем во Европа лекарите настојуваат да ги решаваат мачнините на младите со помалку агресивни терапии, но вкупните трошоци поради мачнините во здравствените системи сепак растат. Проценките покажуваат дека до 2026 година овој здравствен проблем Англија би можел да ја чини дури 14 милијарди фунти. Во потрошувачката на лекови за мачнини се уште водат САД, кои ги нарекуваат „Прозак нација“, па не е чудно дека се на врвот на глобалната продажба на „Ксанакс“ со 50 отсто од потрошувачката, а Велика Британија и се придружува со 22 проценти.
Но експертите кои се занимаваат со психички болести кај младите ги загрижува фактот дека во последните 25 години стапката на аксиозност и депресија кај тинејџерите е зголемена за 70 проценти. Тврдат и дека еден од шест тинејџери ќе доживеат анксиозно нарушување во некој момент од својот живот. Се почесто тие факти се поврзуваат со дигиталното доба, односно социјалните мрежи кои, како што изгледа, се главен виновник поради што „младите се полошо се чувствуваат поради сопствениот живот“.
Се разбира таа перцепција на „гледање на себе“ им ја наметнуваат социјалните мрежи од кои се почесто „излегуваат“ лажни убавци и убавици, квази успешни млади луѓе кои „стигнуваат се“, недостижни „стандарди“ на однесување, насилство без казна…
Австралиските тинејџери кои се активни на социјалните мрежи во едно истражување рекле дека почувствувале зголемена анксиозност која била поврзаност со поимите „Фомо“ (страв од исчезнување), односно „Фонк“ (страв од незнаење) се разбира не во вистинскиот живот, туку страв од исчезнување од социјалните мрежи и неинформираност во однос на другите на мрежата.
Научниците нагласуваат дека социјалните медиуми го смениле начинот на кој младите се истражуваат, воспсотавуваат врски, формираат сопствен идентитет и општо учат за светот, а притоа се во секојдневно искукшение, па во сето тоа им е многу тешко, а понекогаш и невозможно да се „движат“ што ги води кон мачнина од која не наоѓаат „врата“ која водат кон излез.
Во тие хипер поврзани времиња младите се под голем притисок да бидат постојано достапни, да се натпреваруваат за популарност и усогласеност со останатите членови на глобалната арена. Притоа сериозно се ангажираат и „трошат“ на создавање сопствена слика која е прифатлива за глобално наметнатите примери а кое всушнст се темели на Инстаграм лажна убавина.
Покрај познатите проблеми кои на младите им ги предизвикуваат социјалните мрежи како премалку сон и зголемување на насилство, сега веќе многу истражувања утврдија дека би можеле да бидат виновни и за зголемување на проблеми со менталното здравје, особено мачнина и депресија. Дека социјалните медиуми мора да влијаат на мозокот на младите говорат и некои статистики за употребата на интернет според кои 91 процент го користат интернетот за социјално вмрежување, а не охрабрува ниту податокот дека 12 отсто од младите на возраст од 12 до 17 години доживеале депресивна епизода.
Експертите нагласуваат и дека анксиозноста е нормална човечка емоција кога ќе се појави некој проблем, но тоа доаѓа и поминува. Но, кога мачнината е постојана, интензивна и тешка кога трае со месеци па и подолго и кога има последици како што се проблеми со учењето, дружење и влијае на секојдневниот живот, тогаш е неопходна стручна помош затоа што без неа ситуацијата само се влошува.
– Бев на телефон многу повеќе отколку што контактирав со вистински луѓе. Мојот кревет има вдлабнатина од моето тело можам да кажам дека речиси не се тргав од него освен кога беше неопходно. Светот цело време ми е на дланка, па зошто ми е дополнителен напор?“, вели 15-годишната Мери.
Тоа всушност многу јасно опишува како младите се повеќе се осамуваат и воглавно се во „друштво“ на своите гаџети создавајќи неретко недостижни виртуелни вредности, по што проблем им станува движење во вистинскиот свет меѓу вистински луѓе. Имено не е исто да се комуницира преку социјални мрежи и со луѓе во училиште, на работа, во кафуле…
– Се обидувам да разговарам со колеги за нешто, но тие воопшто не го гледаат моето лице. Би можела да им се доверам и да зборувам за нешто многу важно за мене, но тие не би слушале, вели очајната 13-годишна Нина и додава дека ситуацијата е сосема поинаква кога со нив комуницира преку мобилен телефон. Во тој случај стигнуваат разни коментари и совети, но „универзални затоа што во приказната не е важна Нина“.
Притисокот младите постојано да бидат достапни ги врзува за електронските апарати, па помлаку се насочени кон луѓето со кои работат, одат во училиште, се дружат, што ја влошува ситуацијата. Во секој случај експертите нагласуваат дека повеќе внимание би требало да се посвети на мачнината кај младите затоа што тоа станува сериозен проблем на менталното здравје, кој може да има големи штетни последици врз животот на детето.
Тинејџерите кои страдаат од мачнини, можат да почувствуваат преккумерна или премала грижа, можат да имаат панични напади, но и да се затворат дома и да немаат никакви контакти со надворешниот свет. Проблем може да биде и одењето во училиште и општото учество во вообичаени активности. Со оглед на тоа што младите се во развој на секој поглед, мачнината може негативно да влијае врз нивното ментално здравје како и на когнитивниот развој.
Сето тоа зборува дека родителите мора повеќе да се вклучуваат во животот на своите деца затоа што иако многу млади ќе кажат дека „се веќе пораснати и знаат што им треба“, вистината е дека не треба туторство, но сигурно и натаму сакаат и им треба менторство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
Тинејџери три дена живееле во напуштен објект и имале секс: Таткото на девојчето (14) го пријави случајот во штипската полиција
-
Група тинејџери од Скопје за еден месец извршиле 7 кражби: Ограбувале маркети со палки, ножеви и пиштол
-
Тинејџери се самоубиваат за да извршат „задача“ во нова интернет-игра